Градоначалникот Никола Бакрачески и претседателката на Советот на општината, Гордана Коњановска, вчера попладне во Охрид  остварија протоколарна средба со Бенџамин Ринакер од Стејдепартментот на САД кој е политички советник за Балканот и  со советниците во амбасадата на САД во Македонија, Лаура Бурнс и Адријан Исмаил.

На средбата се разговарало за актуелните и идни проекти на општина Охрид и нивната реализација како и начините на буџетирање на локалната самоуправа.

Почесните гости од САД покажале интерес и за актуелната политичка  состојба  во Македонија, а ги слушнале и размислувањата за надминување на истата. Меѓудругото на средбата станало збор  и за начините на спроведување на изборниот  процес во Македонија  некогаш и сега.

OhridNews