По повод одржувањето на состанокот на Министрите за надворешни работи на државите членки на Централно-Европската Иницијатива (ЦЕИ) што започа денеска во Охрид, синоќа градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба со дел од Дипломатскиот кор во земјава. 

На Меѓународниот собир во Охрид присуствуваат министри и заменици министри за надворешни работи, претставници на министерства за надворешни работи или нивни претставници од државите членки на ЦЕИ како и специјални претставници од Европската Унија, Европската банка за реконструкција и развој, Секретаријатот на ЦЕИ, ОБСЕ, Совет на Европа, Советот на Балтички држави, РЦЦ и многу други. Состанокот  на Министрите  за надворешни работи во Охрид  се одржува во рамки на годинешното претседавање на Република Македонија со ЦЕИ.

OhridNews