На покана на амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија д-р Кристине Д. Алтхаузер, градоначалникот Никола Бакрачески, вчера во Скопје присуствуваше на свечениот прием по повод одбележувањето на Денот на германското единство.
Градоначалникот Бакрачески се заблагодари за поканата и изрази благодарност за досегашната соработка, со надеж дека таа успешно ќе продолжи и ќе биде дел од добрите односи меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.
OhridNews