Од Охридската локална самоуправа информираат дека градоначалникот Никола Бакрачески продолжува со директните средби со граѓаните на Охрид. Според планираното денеска со почеток во 17 часот, тој ќе оствари средба со жителите на Урбаната заедница „Видобишта“ и Урбаната заедница „Железничка“. Средбата ќе се одржи во големата сала на општина Охрид.

На средбата покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на Јавните претпријатија, a целта на истата е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие жители и можностите за нивно побрзо решавање.

OhridNews