Во рамки на одбележување на 70-годишнината од десантот на Нормандија (Денот Д), вчера во градот Каен беше одржана комеморативна церемонија, со откривање биста на британскиот генерал Јан Томи Харис и полагање цвеќе во „Британската градина“ од страна на Третата Дивизија на Велика Британија. На церемонијата присуствуваа лордот Астор, Државниот секретар за одбрана генерал мајор Џејмс Коуан, градоначалникот на Каен Ќоел Брунеау и ветераните од Втората светска војна од Франција и Британија. Пред историското обележје се венци положија и специјалните гости на градоначалникот на Каен, меѓу кои е и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

Кој е генералот Јан Томи Харис ?

Јан Харис е британски генерал кој во 1944 година со неговиот баталјон зел учество во десантот на Нормандија и ослободувањето на градот Каен. Тој заедно со неговите војници при десантот на „Денот Д“ се истоварил северно од градот и во негова чест денес тој дел од Каен го носи неговото име. Генералот Харис бил оженет со Французинка која присуствуваше на церемонијата во „Британската градина“ .

Баталјонот на генералот Харис е првата воена формација која влегла во Каен на 8 јули 1944 година ослободувајќи го градот од нацистичката окупација.

70 години по десантот на Нормандија, што го смени текот на Втората светска војна, во Каен, во „Британската градина“, откриена е биста посветена на генералот Харис. Бистата е дело на скулпторката Вивиен Малок.

ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД ЦЕРЕМОНИЈАТА ВО БРИТАНСКАТА ГРАДИНА ВО КАЕН

OhridNews