Градоначалникот Никола Бакрачески вчера оствари средба со жителите од Урбаната заедница „Стар град“ на која се разговараше за проблемите и потребите на населението кое живее во овој дел на Охрид.

-Ваквите средби претставуваат извор на идеи и проекти кои се од круцијално значење за жителите, како и можни решенија за нивните секојдневни потреби. Овoј начин на работа на градоначалникот придонесува за реализација на приоритетните проектите, како и за побрзо и поефикасно решавање на инфраструктурните проблеми, информираат од општина Охрид.

На ваквите средби покрај градоначалникот и неговиот тим од Локалната самоуправа, присуствуваат и директорите од општинските Јавни претпријатија.

OhridNews