Артурас Зуокас, градоначалник на главниот град на Литванија, предизборната кампања ја започнал на прилично оригинален начин. Имено тој со тенк прегазил непрописно паркиран мерцедес на улица. Откако се појавил збунетиот сопственик на автомобилот, Зуокас му пришол и му ја стиснал раката.
Подоцна пајак ги однесол остатоците од мерцедесота градоначалникот се фатил за метла и го чистил стаклото од улицата. Со тоа им испратил порака на несовесните возачи а на граѓаните ги советувал да одат на работа како него – со електричен велосипед.