Еден 19 годишен американец, кој сонува еден ден да стане претседател на САД, може да се пофали дека политичката кариера му започнала одлично.
Џон Тајлер Хамос, студент во прва година на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Оклахома, избран е за градоначалник на родното место Маскод, во сојузната држава Оклахома, кој брои 40.000 жители.
Хамос победил на локалните избори со 40% гласови повеќе од 50 години постариот противник.
„Кампањата беше одлична. Беше забавно и ја добивме довербата на народот“, рекол Хамос кој планира напоредно со извршувањето на функцијата градоначалник, да продолжи со студирањето.
„Сакам отворена градска влада бидејќи сметам дека немам монопол над добрите идеи“, изјавило момчето на кого ова му е само прв чекор во политичката кариера.
Хамос во понеделникот, 19 мај, официјално ја превзеде градоначалничката должност, која ќе ја извршува две години.