Градоначалникот на Силвертон, Орегон во САД добил опомена од градскиот совет поради облекувањето. Не им се допаднало тоа што Сту Расмусен на собирот за младите на кој држел говор одбрал корсет и прекратка сукња.


Градоначалникот кој се претставува како маж, но се облекува како жена и има импланти во градите, ветил дека во иднина повеќе ќе внимава како се облекува на пригодите каде го претставува градот. Спротивно на советот, повеќето граѓани го поддржале Сту и тврдат дека никој не би се бунел ако така би се облекла некоја жена.