Градоначалникот во градот Ворен, во државата Мичиген во САД, Џим Фоутс возел само седум километри на час над дозволеното. Го застанал полицаец и го пуштил со опомена.
Градоначалникот го гризела совеста цел ден па го повикал началникот на полицијата барајќи овој да му испрати казна. Откако му ја доставиле ја платил. Сакал да покаже дека пред законот сите се еднакви.