Градоначалникот на најужниот новозеландски град Инверкаргил, Тим Седболт, поставил нов светски рекорд со тоа што неговото интервју на една локална телевизија траело 26 часа. Рекордерот по завршувањето на интервјуто рекол дека сака да зборува, но никогаш претходно не зборувал за самиот себе толку многу. Интервјуто започнало во саботата напладне а завршило наредниот ден во два часот попладне.
Седболт, притоа додал дека можел да разговара со новинарот уште околу десет часа. Претставник на Гинисовата книга на рекорди им предал сертификат за поставувањето на новиот светски рекорд. Овој телевизиски маратон имал хуманитарна цел, и средствата од рекламите за време на емисијата ќе бидат дадени на една локална болница за брза помош.