Градското собрание на „South El Monte“, во близина на Лос Анџелес, одредило време кога градоначалничката мора да оди на спиење, бидејќи таа останувала до раните утрински часови да работи во канцеларијата. На советниците им здодеало градоначалничката Бланка Фигуеро секојдневно да останува до раните часови, па поради безбедносни причини и забраниле да останува во канцеларијата по 23 часот.
Градоначалничката, која е на таа функција од 1977 година, нарекувајќи ја забраната беззначајна, не била воодушевена со одлуката. Тврди дека е принудена да работи навечер бидејќи преку денот има премногу состаноци, па така ги довршува неопходните должности.