Откако добила Оскар и паднала на свечената церемонија, популарноста на актерката Џенифер Лоренс пораснала, па така нејзиниот градник бил продаден за 3000 долари. Продуцентите на филмот “Silver Linings Playbook” одлучиле да го стават на аукција градникот кој го носела во тој филм, а овој предмет достигнал цена од 3175 долари.
Организаторот на аукцијата Нејт Сандерс изјавил дека очекувале градникот да го пордадат помеѓу 500 и 1500 долари, со оглед на тоа што сите ја обожавале Џенифер, но ова било неочекувано. Покрај нејзиниот спортски градник на аукција се нашле и многу други парчиња облека од филмот.