Американката Џесика Браун (24) планинарејќи се лизнала и паднала во провалија на австриските алпи во близина на Салцбург. Била беспомошна и лежела повредена на ниски температури дури 70 часа.
Спасителите безнадежно ја барале на погрешни места, па ја прекинале потрагата мислејќи дека е мртва. Но, Џесика ја видела жичарата која одела кон врвот на планината и ја фатила последната шанса за спас. Брзо го фрлила градникот во кабина која пренесувала храна додека поминувала над неа. Работниците на врвот сфатиле дела градникот е всушност повик за помош и испратиле спасувачка екипа.
– Добро се сетила. Сигурно е подобро отколку да фрлела светлосен сигнал. Немала многу облека на себе кога тргнала на излет, а завршила со уште помалку, рекол еден од членовите на спасувачката екипа.
Џесика полека се опоравила во болница.