Една Бразилка, во која пукале напаѓачите во текот на еден вооружен грабеж во автобус преживеала благодарение на градникот. Еден од напаѓачите пукал во градите на 58-годишната бразилка во автобусот за Салвадор. На нејзина среќа, ја спасиле парите кои ги скрила во левата корпа од градникот.
Знаејќи дека автобусите се честа мета на разбојници, ги скрила парите на сигурно место. Кога напаѓачите ги виделе полицајците, почнале да пукаат, а еден залутан куршум ја погодил Бразилката. Нејзиниот градник имал доволно пари да го успори куршумот, и иако завршила во болница тој и бил лесно изваден. Разбојниците побегнале, а еден наредник загинал во нападот.