Јапонските научници претставиле нов додаток кој би требало да биде интересен како на жените кои го носат, така и на мажите. Во прашање е градник, кој самиот се откопчува доколку неговата сопственичка е расположена за секс. Како што објаснуваат производителите, во системот за закопчување е вграден апарат кој ги мери отчукувањата на срцето, па преку блутут испраќа податоци до мобилниот телефон. Доколку бројот на отчукувања на срцето е висок, апликацијата заклучува дека лицето е заинтересирано, па со самото тоа и возбудено, и го откопчува градникот. Компанијата која го произвела прототипот на овој градник објаснува дека во прашање е производ кој би требало припадничките на понежниот пол да ги поштеди од одбојни типови.
Производителите на градникот го рекламираат како производ кој помага во проверката на вистинската љубов, но и фактот дека суштински, пред се има врска со сексуалната возбуденост. Исто така останува нејасно што ќе биде доколку отчукувањата на срцето се зголемат во случај на страв, или додека девојката танцува, бидејќи до забрзана работа на срцето може да дојде од повеќе причини. Има и такви кои тврдат дека ваквиот производ би можеле да го купуваат и мажите. Имено, некои сметаат дека купувачи на градникот би можеле да бидат токму несигурни љубоморни мажи, кои сакаат да проверат дали партнерките им се верни. Градникот засега е само во фаза на тестирање, а не е познато колкава би можела да биде неговата цена.