Ирина Шајк се потрудила да остави вистинско внимание на доделувањето на модните награди во Германија, па за таа прилика облекла фустан со изразено деколте. Имено, фустанот кој го носела манекенката на доделувањето бил прилично отворен во пределот на деколтето, така да нејзините гради дефинитивно биле ѕвезди на вечерта.
Изгледа дека нејзиниот провокативен стајлинг се исплател, со оглед на тоа што руската убавица која е во врска со Кристијано Роналдо освоила награда за икона на стилот. Според пишувањето на германските медиуми, „Гала спа“ наградите, на кои присуствувала Ирина, е највлијателен моден настан на светот.