Во заливот на коските кај Градиште во полн ек се градежните работи за изградба на Наколната населба, автентична на таа што постоела тука пред околу 7000 години.

Од водите на Охридското Езеро веќе се надѕира дрвената платформа. Со специјална машина импрегнираните дрвени колци се набиваат во езерското дно, а  се работи и на реконструкција на наколното живеалиште.

Паралелно, на брегот се вршат финалните градежни работи на музејскиот објект во кој ќе бидат изложени разни експонати и ќе се продаваат сувенири.

Реализаторите на проектот ни изјавија дека градежните работи течат според зацртаниот план и дека Наколната населба ќе биде завршена во предвидениот рок, односно за празникот Св. Климент Охридски на 8 Декември.

Горан Момироски