Доцна попладне, околу 6 часот, гостите ги напуштаат охридските плажи. Ова е најчестата слика која останува зад нив- купишта расфрлан отпад. Најголемиот број од нив се млади луѓе кои одлучиле да поминат неколку дена одмор на охридската ривиера. Истото се случува на поголемиот број плажи на брегот на езерото.
Фотографиите се направени на плажата во автокампот Градиште, која некогаш важеше за едно од најомилените свратилишта на актерите, уметниците од земјава и странство, една од од најубавите плажи – чиста, средена, мирна- вистинска оаза на мирот.
Сега, посетителите се млади луѓе кои уживаат во прегласната музика и се сончаат на густо наредените лежалки, поради кои тешко се пристапува до водата на езерото.
Т. К.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com