Деновиве завршија активностите за внатрешно и надворешно осветлување на објектот ‘Развигорче’, што е во состав на Детската градинка “Јасна Ристеска”. Потфатот беше финансиран од менаџментот на градинката, а за стручната помош и техничката изведба се погрижија членовите на Лајонс клубот Лихнидос.
Мери Рилкова, директор на градинката и проф. Д-р Зоран Тунтев, член на клубот, изразија задоволство од заедничката акција и од резултатите.
Развигорче е втор наш објект кој е целосно осветлен во соработка со клубот Лихнидос. Комуникацијата ни е одлична и сигурна сум дека со здружени сили ќе продолжиме да ги подобруваме условите за престој на нашите деца и во другите објекти. – потенцираше Рилкова.
Акцијата траеше седум дена, во кои со најмодерно ЛЕД осветлување ги опфативме влезовите, централниот хол, двориштето, надворешното игралиште и сите осум занимални. Од денес најмалите охриѓанчиња во објектот Развигорче ќе си играат под ново, многу економично и потполно безбедно светло. – истакна проф. Тунтев.
OhridNews