Пензионерот од Русија, Леонид Мурлијанчик, од 1984 година гради сопствено метро, за кое ги добил сите неопходни дозволи. Работите ги финансира исклучиво од својата пензија, а и покрај тоа што работи веќе 26 години сигурен е дека еден ден ќе има свечено отворање на метрото.


Според проектот во метрото ќе се движат исклучиво автоматски возила, кои ќе можат да превезат максимум 4 патници. Секој дена копа и бетонира по еден метар од тунелот. Тој е целосно убеден дека ќе заврши со изградбата.