Британецот Џејмс Мај од тв-шоуто “Top Gear” бара работници кои ќе му помогнат да направи нова куќа од популарните лего коцки. Во склоп на новата серија “toy stories” Мај ќе изгради куќа на два ката во Доркин.


Ќе му бидат потребни повеќе од три милиони коцкички. Куќата ќе биде во вистинска големина со скали, тоалет и туш. Тој веќе има добиено една награда, кога успеал да ја направи првата светска градина користејќи само пластелин.