Охрид Лоте со тениски 6-1 го победи Влазерими и на најдобар можен начин ја прекина црната низа која траеше цели седум рунди. Во дербито на дното охридските градежници во целост го надиграа противникот и со полна мрежа го испратија од Охрид.
Серијата ја отвори најдобриот стрелец во тимот, Толески кој во 13 минута најдобро се снајде по одбиената топка. Истиот играч по половина час го удвои водстовот на домаќините, откако повторно беше најумешен во казнетиот простор.
Во финишот на првиот дел Арсовски нафрли, а сопствената мрежа ја затресе Рамадани.
“Градежниците“ продолжија да напаѓаат а плодот на таквата игра дојде по еден час игра кога најдобриот играч на теренот Димоски, двојно проигра со М.Стојаноски, и од неколку метри со одмерен удар го совлада немоќниот Незири. Димоски тука не застана продолжи да ги разигрува своите соиграчи, а во 71 минута уште еднаш се запиша во листата на стрелци.
Единствена светла точка кај гостите беше нововлезениот Мустафоски кој со прекрасен удар го матираше до тој момент сигурниот Кралевски.
Серијата погодоци ја затвори Стојковски со дебитанткиот погодок во вторлигашката конкуренција во последната минута од мечот.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com