По ремијата со Ренова и Напредок, Охрид Лоте претпре пораз во мечевите од предсезоната. На „Билјанини извори“, составот на  “градежниците“ беше поразен од албанскиот освојувач на купот Беса со 2-1.


Стрелец на погодокот за Охрид Лоте беше Митрески на стартот на вториот дел. За албанскиот тим ова беше втор триумф на подготовките во Охрид, откако претходно торпедиран беше Пелистер со 5-0.

Михаил Постоловски