По незаслужениот пораз од Тиквеш од 1-0 Охрид Лоте ја предводи колоната која до крајот на првенството грчевито ќе се бори за опстанок. Дветтопласираниот Охрид Лоте има два бода залиха во однос на последниот патник во понизок ранг Локомотива.


“Градежниците“ во последите четири рудни на домашен терен ги пречекуваат 11 Октомври и Новаци, додека гостуваат кај Дрита и во последната рунда играат со Охрид.

Победи над лидерот 11 Октомври и Новаци би ги одвеле избраниците на Трифуноски во сигурната зона.

Позади Охрид Лоте со бод закаснување се Влазерими и Влазними, додека само теорија за опстанок имаат Новаци и Цементарница.

Локомотива во финишот на шампионатот, гостува кај Влазними и отпишаната Цементарница, а на домашен терен ги пречекува аспирантите за висок пласман Миравци и Беласица.

М.П.