Победа над Новаци и дефинитивно ќе ги избрише сите дилеми околу опстанкот на “помалиот“ брат, Охрид Лоте во втората лига. Составот на “градежниците“ на две рунди пред крајот има капитални плус четири пред последниот патник во третата лига , струшки Влазними.

Четири дена по мечот со Охрид, Новаци се враќа на “Атина Бојаџи“, но овај пат на мегдан на Охрид Лоте.

Сами одлучуваме за својата судбина. Не сакаме да размислуваме за нешто друго освен победа по која ќе го завериме второлигашкиот статус. Што побргу го решиме нашиот статут, тоа подобро – коментираат фудбалерите.

Охриѓани со големо внимание ќе ги следат дуелите меѓу Влазними – Тиквеш, и Влазерими – 11 Октомври. Само победа ги остава стружани со теоретски шанси за обезбедување на опстанок.

М.П.