“Градежниците“ натпреварот го започнаа агресивно и решени беа бодовите да останат во Охрид. По серија промашувања на “зицери“, Охрид Лоте резултатот го отвара во 19-та минута со погодокот на Стојаноски Г, кој со волеј удар го мателизира нафрлувањето од Стојаноски М.
Шансите пред голот на Коруноски се редеа како на филмска лента, во 39-та минута двојната комбинација Димоски, Стојаноски А. со погодок ја крунисува Волчески.Гостите во првиот дел створија една прилика преку Мирчески но присебната интервенција на Димоски на гол лијнијата го одржа водството од 2-0.
Лидерот на табелата во вторите 45 минути нападна а тоа отвори можност за контра напади на домаќините, Ристески добива топка во празно од Арсовски, шутира во одлично поставениот Коруноски, одбиената топка стигнува до Стојановски А. кој со глава ја сместува во празната мрежа.
Третиот погодок ги отрезна гостите од Прилеп, Мегленски го проигрува нововлезениот Крстевски кој се ослободи од дефанзивците на Охрид Лоте, со прецизен удар го намалува резултатот на 3-1. Идентична акција но овој пат во режија на Кулески и Мојсовски, вториотво соло продор го матира Кралевски и дава “капка“ надеж за 11 Октомври за поволен резултат.
До крајот на мечот домаќините умешно ја зачуваа предноста и извојуваа залужена победа.