Претходно во првиот дел мрежата на “рибарите“ ја затресе дефанзивецот Исаку. Неизвесноста во мечот ја врати Нически со голот во осумдесетта минута.
Со голот во судиското надополнување “градежниците“ втора година по ред победија во општинскиот фудбалски куп.
Фудбалерите на Охрид Лоте кои по триумфот во наредната сезона ќе се натпреваруваат во првата рунда од националниот куп, одбија да го примат трофејот наменет за победникот во ова натпреварување.