Новиот второлигаш Охрид Лоте денес на “Билјанини Извори“ ќе стартува со подготовките за новата сезона. “Градежниците“ како првопласирани во третата лига Југозападен регион обезбедија влез во второлигашкото друштво.



На приемот по повод пласманот во Втората лига охридскиот Градоначалник , Александар Петрески најави дека со ребалансот на буџетот ќе бидат зголемени средствата кои
Општината ги издвојува за спортот,а голем дел од тие средства ќе ги
добива Ф.К. Охрид Лоте. Исто така најавени беа сериозни подготвителни натпревари, со неколку македонски
прволигашки и екипите на Инџија и Раднички Крагуевац од Србија.

М.П.