Составот на “градежниците“ десеткуван патува на гостувањето кај Ринија во воведната рунда од пролетниот дел од шампионатот.


Во составот ќе ги нема суспендираните Аце Толески и Филип Трајковски, додека напаѓачот Аце Стојаноски ја нема комплетирано потребната документација.


Под знак прашалник е и настапот на Митко Стојаноски кој го пропушти последниот тренинг пред мечот во Гостивар.

Ваквата ситуација ги става домаќините во фаворитска улога во мечот кој ќе го води скопјанецот Симеон Стефков.

М.П.