Градежните работи на рекреативната пешачка патека до Горица, во должина од 210 метри, се во завршна фаза. Екипите на ЈП „ Нискоградба“ денес завршуваат со бојадисувањето на дел од асфалтот што е предвиден за велосипедска патека , а ЈП „ Проаква“ ги монтира фонтаните. Вработени од ЈП „ Охридски комуналец“ ќе го исчистат просторот каде се одвиваа градежните работи, информираат од локалната самоуправа.
Новото осветлување е веќе поставено, што значи дека по завршувањето на денешните активности, патеката може непречено да се користи од страна на граѓаните и гостите, велат од општината.
OhridNews