Дежурните служби на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ укажуваат на повторни случаи на кршење на Законот за јавна чистота во централното градско подрачје.
Како што велат, на сред бел ден, депониран е градежен шут од камион на приватен субјект директно во контејнерите за комунален отпад.
- Според Законот за јавна чистота на РМ, не е дозволено градежниот шут што настанува при градење или реновирање на домовите, граѓаните и правните субјекти да го исфрлаат во контејнерите за комунален отпад. Ј.П.„Охридски Комуналец“ континуирано ги едуцира и информира граѓаните на општина Охрид, им ја нуди и услугата за преземање и транспорт на овој тип отпад со специјалните возила на претпријатието. Во таа насока организираме и акции за подигнување на кабаст и зелен отпад и градежен шут, велат од јавното претпријатие.
Од „Охридски комуналец“ потенцираат дека ќе ги преземат сите неопходни мерки за санкционирање на ваквите случаи.
OhridNews