Општина Охрид, денеска, 29 сдептември, ќе изведува градежни активности на крстосницата помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“.
Се упатува апел до учесниците во сообраќајот да го избегнуваат движењето во овој дел на градот и за зголемена претпазливост при движењето на овој потег, додека траат градежните активности. – соопшти Општина Охрид.
На овој простор се гради кружен тек, кој значително треба да ја подобри безбедноста, но и протокот на возила на оваа инаку фреквентна делница.
OhridNews