Одделението за одржување на канализациона мрежа, градба на нови и реконструкција на постоечки делови од канализациона мрежа при ЈП „Нискоградба“ Охрид изведува градежни активности на атмосферска канализација на улица „Радојца Новичиќ“ (улица „130“, улица „Шеста Бригада“ и улица „Петрино“).
Должината на трасата изнесува 375 метри, а ќе се поставуваат цевки со дијаметар ф400, ф315 и ф200 и изработка на 19 арминарно бетонски ревизиони шахти. Градежниот зафат изнесува 3 684 814 денари, информираат од претпријатието.
Активностите се реализираат по налог на Фондот за комунален развој со средства од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews