Градежен работник падна од северната трибина на Градски стадион која е во изградба, јави А1. телевизија. Според Ургентниот центар во Скопје каде што веднаш бил пренесен, неговата здравствена состојба е критична. Лекарите велат дека пациентот се бори за живот.


55-годишниот вработен на „Бетон“ има тешки повреди на главата и е сместен на одделението за интензивна нега на Клиниката за неврохирургија.

ohridnews