Ден Ривс од Пенсилванија последните девет години во тајност во својот подрум градел авион. Американецот во средата започнал со извлекување на авионот, но поради тоа морал да го сруши ѕидот од куќата. Ден вели дека деловите за авионот ги добивал по пошта и внимателно ги составувал сите овие години.


Пред да го извади авионот од подрумот ископал дупка, го скршил ѕидот, и со помош на камион и неколку соседи го извадил авионот.
– Имаше моменти и кога мислев дека нема да го завршам авионот, но сепак успеав бидејќи ме охрабруваа пријателите и семејството-вели Ден. Додава дека потрошил многу пари за да го изгради, но и за да ја поправи направената штета на куќата. Но, сепак верува дека поскапо би било да купи нов. Во изградбата му помагал и неговиот тринаесетгодишен син, кој е горд на својот татко.