Добредојдовте во Витиер, град во кој сите жители живеат, работат и одат во училиште во иста зграда. Градот е сместен меѓу снежни планини во американската сојузна држава Аљаска, а единствен начин да се дојде до него е низ 4 километри долг тунел кој се затвора секоја вечер во 22 часот и 30 минути.
Оваа зграда на 14 ката во некогашната воена база од ладната војна сега е дом на околу 200 лица кои на едно место имаат и куќа, и работа и продавица, и полиција, па дури и хотел кој се простира на последните два ката од зградата. Повеќето од жителите работат за градот, воглавно во администрацијата, на одржување на зградата, но и на чистење на снегот кој на зима паѓа и повеќе од 6 метри. Сите жители во овој град живеат испреплетени животи, но велат дека воопшто не им е здодевно.