Дон Самонс има 60 години и живее сам во градот Бафорд. Дон се доселил во градот 1980 година  кога во него живееле седум жители. Сите тие набрзо се одселиле, а во населбата останале само Дон, неговата сопруга и синот.


Самонс останал единствениот жител во Бафорд кога неговата сопруга починала, а синот се преселил во поголем град. Единственото нешто што го задржало во градот е фактот што таму имал продавница и бензинска пумпа. За себе вели дека е најсреќен кога по десетчасовниот работен ден ќе се врати дома. Градот Бафорд бил основан 1866 година, а некогаш во него имало и 2 илјади жители, повеќето работници на железницата. Градот исто така има сопствен поштенски број.