Полицајците од едно гратче во Унгарија дале отказ откако освоиле речиси 10 милиони евра на заедничко ливче за лото. Секој вложил по неколку стотини форинти. Екипата од 15 чувари на законот подигнала голема добивка, дала моментален колективен отказ и така го оставила градот без заштита.
Полициските шефови испратиле привремени полицајци во регионот додека не бидат регрутирани нови. Чуварите на ред и мир ја освоиле шестата по големина добивка во Унгарија.