Буграскиот град Рудник има необјасниво висока популација на близнаци, четири пати поголема од националниот просек. Во гратчето кое има 5000 жители од 1944 година се родиле 56 пара близнаци. Минатата година од 60 бремености, четири резултирале со близнаци. Во Бугарија на толкав број бремености во просек близнаци се раѓаат само еднаш.


Еден бугарски гинеколог и научник изјавил дека постои можност во локалната вода да има елементи кои поттикнуваат овулација и ствараат повеќе јајце клетки во циклусот. Меѓутоа, еден професор по генетика, тврди дека станува збор за генетско наследство. Според него, бидејќи станува збор за мало место, некои парови најверојатно биле во далечна роднинска врска, што резултирало со енормниот број близнаци.