Напуштениот град Манду од индиската Мугхал ера, еднаш одамна бил центар на индиската муслиманска држава на северот на земјата. Градот е едно од најегзотичните места кое е достапно за денешните патници. Напуштен е веќе 400 години, но е многу добро сочуван. Неговите визури се неверојатни, речиси нереални.
Манду, со своите палати, гробници, џамии и споменици е вистинско историско богатство. Напуштениот индиски град, кој бил културен, историски и верски центар на муслимание бил граден како тврдина, но веќе повеќе од 400 години во него никој не живее.