Невреме проследено со врнежи од дожд и град, силен ветер и грмотевици, попладнево го зафати охридскиот регион. Дел од источното крајбрежје на Охридското Езеро беше погодено од град. Сред лето „побелеа“ селата Елшани и Пештани.
Врнежите предизвикаа опаѓање на температурата на воздухот за неколку степени.
Врнежи од град во Елшани
Според прогнозата на УХМР, утре ќе настапи стабилизација на времето. Ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 26 степени Целзиусови, а индексот на УВ зраќење ќе изнесува 7.
OhridNews