Грабнувањето на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески и на неговиот личен возач, што било извршено на 21 декември 2008 година, го извршиле  Н.С. (34) и Х.И.(32), соопшти полицијата.

Осомничените вчера биле изнесени пред истражен судија кој им одредил мерка притвор во времетрање до 30 дена.

Според пријавата, грабнувањето се случило на 21 декември од пред куќата на градоначалникот. Осомничените под закана со оружје од градоначалникот и возачот изнудиле 15.000 евра.

СВР Охрид сеуште истражува кои биле мотивите за грабнувањето и зошто случајот бил пријавен еден месец подоцна. Градоначалникот
Петрески во изјавата што вчера ја даде за медиумите се воздржа од
изнесување било какви детали за случајот во интерес на истрагата.

Ohridnews