Тргнувајќи од нашата заложба да обезбедиме ефикасна граѓанска партиципација во процесот на креирањето на локалните политики и да го зголемиме непосредното учество на граѓаните во носење на одлуките на локално ниво и во контрола на спроведувањето на усвоените политики и одлуки денес преставници од Општина Дебрца остварија работна средба со претставници на месните заедници од Општината Дебрца, информираат од општинаската прес служба.

Преку транспарентен и интерактивен пристап разговаравме за сите приоритетни проблеми во месните заедници, со цел истите да ги детектираме и пристапиме кон подготовка на инвестиционо-технички документации, поднесување на апликации за обезбедување на финансиски средства и имплементација на проектите. Поголем дел од предложените проекти, пристигнаа преку ново-воведениот електронски систем за предлог идеи. Истите откако ќе бидат разгледани од општинските служби ќе бидат доставени на увид пред Советот на Општина Дебрца, велат во соопштението.

Додаваат дека голем дел од денес изнесените проблеми веќе се составен дел на годишните програми на општината, некои допрва ќе бидат земени во предвид, а некои ќе почекаат подобри времиња.

Приоритетите на месните заедници треба да ги утврдат непосредно граѓаните, а не да бидат наметнати решенија од локалните или централните власти. Во секој случај, имавме една плодна дебата и продолжување на практиката да се слуша мислењето на граѓаните, потецираат од Општина Дебрца.

Граѓаните, информираат дека своите предлози и идеи за Буџет 2023, може да ги доставуваат до заклучно 15.12 2023 година.

OhridNews