Иницијативниот одбор за формирање листа на независни кандидати „ОХРИД ПРЕД СЕ“, информира дека од денеска почнува активно да делува на охридската политичка сцена.

Отворена е првата, од неколкуте канцеларии кои последователно ќе се отвараат, е “Булевар Туристичка” бр.75 (во непосредна близина на маркет Тамаро 5). Основната цел на оваа граѓанска иницијатива останува активното и масовно учество на граѓаните, со предлози за изработка на изборната програма и предлози за персонализација на изборната листа. Граѓанската иницијатива, преку простории во неколку урбани заедници на територија на град Охрид, ќе им овозможи на граѓаните непосредно запознавање со оперативната методологија и концепт со кој „ОХРИД ПРЕД СЕ“ ќе го разбие сивилото на локалната политичка сцена и ќе го врати Советот на општината во рацете на граѓаните. – велат од Иницијативниот одбор за формирање листа на независни кандидати „ОХРИД ПРЕД СЕ“.

Граѓанската иницијатива „Охрид пред се“ отвори канцеларија за контакт со граѓаните

Просториите на граѓанската иницијатива „ОХРИД ПРЕД СЕ“ ќе бидат отворени за посети од граѓаните секој работен ден од 08.00ч. до 20.00ч. и ќе функционираат согласно активните протоколи и ограничувања во време на пандемија, се вели во соопштението.

OhridNews