Од сите страни пристигнува поддршка за најавениот голем подвиг на Марко Пејчиновски кој вечерва треба да стартува со соло пливачкиот маратон долг 64 километри.
Граѓаните од целата земја и надвор од границите упатуваат безброј пораки со желби за убаво време и успех во остварување на зацртаната цел на Марко.
- Нека Охридското Езеро биде твојот сојузник, а вербата во Бога нека ти го осветли патот до целта!
- Ја имаш мојата максимална поддршка! Напред Марко!
- Марко, дечко со големо срце, сите сме со тебе;
- Господ да ти даде сила, срце ти можеш затоа што си позитивно и храбро дете. Само напред единствен!
- Браво и само храбро хероју, ти посакуваме мирно езеро и убаво време. Златна Богородица е со тебе.
- Ти посакуваме мирно езеро храбар јунаку, е само мал дел од упатените пораки до Марко.
Поддршка за младиот охридски херој и од градоначалникот Константин Георгиески.
- Ти си нашиот херој, ти си нашиот уникатен пример за храброст и истрајност. Ти испраќам позитивна енергија и најубави мисли, како поттик за твојата посветеност, за твојата борба, за остварувањето на твојот сон, стои во пораката на градоначалникот Георгиески.
Како што е најавено, Марко ќе плива до Св. Наум, потоа до Струга и ќе финишира во Охрид утре на големиот христијански празник „Успение на пресвета Богодорица“.
OhridNews