Фудбалерите на Манчестер Сити се вторите патници во финалето од англискиот Лига куп. Во натпреварот за трофејот на легендарниот стадион „Вембли“, „граѓаните“ ќе се судрат со Тотенхем.

Во втората полуфинална пресметката Манчестер Сити го совлада градскиот ривал Манчестер Јунајтед со 2-0. Пулените на Пеп Гвардиола погодоците за победа ги постигнаа во второто полувреме. Резултатот го отвори дефанзивецот Џон Стоунс додека победата ја завери Фернандињо.

Финалниот натпревар во Лига купот на „Вембли“ ќе се одигра во април месец, со одреден број на гледачи на трибините.

OhridNews