Фудбалерите на Манчестер Сити се вратија на врвот од табелата во Премиер лигата победувајќи го Барнли (1-0), додека Манчестер Јунајтед и Челси ремизираа 1-1 во дербито на Олд Трафорд.

„Граѓаните“ со минималната победа обезбедија еден бод предност во однос на Ливерпул во финалните две рунди од Премиер лигата. Човек на одлука беше Кун Агуеро кој за победа погоди во 63-та минута.

„Црвените ѓаволи“ после подолго време одиграа добар натпревар, но на тоа ниво не беше Давид де Геа кој им поклона бод на „сините“. За водство на домаќините погоди Хуан Мата во 11-та минута, додека шпанскиот голман киксна пред крајот на првиот дел.

Со ремито на Олд Трафорд и поразот на Арсенал од Лестер (3-0), Челси се наоѓа во пол позиција за 4-та позиција на табелата во Премиер лигата.

OhridNews