По објавената реакција од WWF и Еко-свест дека се против идејата за изградба на ски-центри на Јабланица во насока на тоа дека овие планови се во спротивност со заштитата на природата и меѓународните стандарди, бројни коментари од нашите читатели кои се со спротивен став.

Велат дека со изградбата на ски центри Јабланица ќе биде позаштитена, ќе се спречи неконтролираната екплоатација на шумите, како и тоа дека е одлично што ќе се инвестира во овој дел.

  • Би сакал да им укажам на Еко свест дека седиштето на WWF се наоѓа во Гланд – Швајцарија, каде (колку за инфо) Швајцарија располага со 345 ресорти, 7 118км стази. Ресортите располагаат со вкупен број на 1 812 ски лифтови.
  • Секако дека е подобро да се изградат такви објекти во интерес на сите. Со тоа и ќе се спречи неконтролираната експлоатација на шумите. Нека размислат посериозно кој е против таквата одлука. Камо среќа да се најде инвеститор и да му се даде содржина, да се оплемени оросторот, Јабланица уште поубава ќе биде.
  • Шумата ќе е позаштитена со Ски центар отколку без него.
  • Одлично е да се инвестира во тој дел од државата со заштита на природата, може да се направи да биде фантазија.

Од Еко свест потсетуваат дека во Планот за управување, пределот над Вевчани не е предвиден за изградба на ски центри и хотелски комплекси, а генерално, изградба на инфраструктура за масовен туризам не е дозволена. Велат дека ваквите проекти носат приходи за големите компании кои профитираат на сметка на уништување на природата и локалните ресурси.

Презентираниот проект од Агенцијата за  странски инвестиции за планината Јабланица кај Струга и Вевчани, предвидува скијачки патеки со должина од 85 километри, 21 километар скијачки лифтови и два резервоари каде ќе се произведува снег. Предвидено е изградба на 10 хотели, од кои шест би биле со четири ѕвезди, а другите по пет. Вкупната инвестиција за Јабланица би била околу 320 милиони евра.

Н.С.Ј.