Клубот од Етихад, Манчестер Сити им ги наплаќа претплатните билети на навивачите иако поради коронавирусот сезоната во Англија е прекината пред две недели и сигурно нема да продолжи ниту наредниот месец.

Шокиран од откритието еден навивач една недела до клубот го испраќал истото прашање, зошто го правите тоа, а кога го добил одговорот решил да го објави на „Твитер“.

Иако натпреварите се одложени до 30 април ние ќе продолжиме да работиме како и досега, ќе ги примаме уплатите преку платежнитете картички и за месец април. Така ќе бидете сигурни дека ќе можете да влезете на стадионот веднаш кога ќе продолжи сезоната. Доколку челниците на Сојузот и лигата ни испратат поинакви препораки тогаш ќе делуваме според тие упатства. – стои во соопштението од „граѓаните“.

OhridNews